Sunday, February 16, 2014

Моделот сервер − клиент

Кога се поврзуваат мал број компјутери, тие можат да бидат
рамноправни и со еднакви можности. Но, кога се работи за поголем број компјутери, разменувањето податоци мора да
биде добро организирано. Тоа се постигнува со моделот сервер − клиент.
Сервери се компјутери на кои се собираат
податоците што се доставуваат до другите
компјутери во мрежата, кои ги нарекуваме
клиенти. Серверот има поголеми можности од другите компјутери и има посебни програми со кои им овозможува на клиентите
да се поврзат со него и да преземаат податоци. На серверот се приклучени
и уреди, како, на пример, печатачот или скенерот, до кои имаат пристап и клиентите. Клиентите можат да разменуваат податоци меѓу себе, но и таа размена оди преку
серверот.

No comments:

Post a Comment