Monday, February 24, 2014

URL АДРЕСА Наставно ливче



URL АДРЕСА  


Од следната табела со ознаки за соодветните поими, пополни ги тие ознаки што одговараат во втората табела.


Поими
Ознака
URL  адреса А
mk, hr, us, sr, sl, bg, gr Б
edu, gov, mil, org, com В
http Г
www Д



Карактеристики кои ги има соодветниот поим
Единствена адреса на секој веб-сајт и секоја веб-страница

Наставки  за областа на дејствување

    Наставки од URL адреса за  држава
     име на протоколот за пренос на податоци
локација на Интернет, во случајов  World Wide Web


Кликни на линкот подолу за да го видиш документот со наставното ливче за периферни уреди

 наставно ливче за URL адреса

 Ќе се отвори документот па оди на File->Save as..  десно Download
ќе се симне документот па изработи ја вежбата и снимај ја повторно.

Sunday, February 16, 2014

 Кликни на линкот подолу за да го видиш документот со наставното ливче за периферни уреди

 наставно ливче за Интернет час

 Ќе се отвори документот па оди на File->Save as..  десно Download
ќе се симне документот па изработи ја вежбата и снимај ја повторно.
Моделот сервер − клиент

Кога се поврзуваат мал број компјутери, тие можат да бидат
рамноправни и со еднакви можности. Но, кога се работи за поголем број компјутери, разменувањето податоци мора да
биде добро организирано. Тоа се постигнува со моделот сервер − клиент.
Сервери се компјутери на кои се собираат
податоците што се доставуваат до другите
компјутери во мрежата, кои ги нарекуваме
клиенти. Серверот има поголеми можности од другите компјутери и има посебни програми со кои им овозможува на клиентите
да се поврзат со него и да преземаат податоци. На серверот се приклучени
и уреди, како, на пример, печатачот или скенерот, до кои имаат пристап и клиентите. Клиентите можат да разменуваат податоци меѓу себе, но и таа размена оди преку
серверот.